Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот, јави „Анадолија“.
„Работиме на воспоставување стабилност, соработка и просперитет на Балканот, со кој имаме длабоки врски“ – рече турскиот претседател на отворањето на 13. Конференција на амбасадори во Анкара.
Претседателот на Турција во врска со последните конфликти меѓу Израел и палестинскиот Исламски џихад изјави дека нема оправдување за убивање палестински цивили и дека Турција стои до палестинскиот народ.
„Џамијата Ал Акса е „црвена линија“ за Турција. Нема оправдување за убивање деца, бебиња во пелени. Турција стои со палестинскиот народ и браќата од Газа“ – изјави Ердоган.