Курти: Русија може да се обиде да го прошири конфликтот преку своите посредници на Балканот

Во изјава за Си-ен-ен, косовскиот премиер Албин Курти рече дека Србија сака европски пари, руско оружје, кинески инвестиции и американска толеранција и дека не е толку неутрална како што се претставува.

– Но Србија не е неутрална. Србија е на страната на Руската Федерација и затоа мора да бидеме внимателни – предупреди Курти.

Тој повторно зборуваше за српските бази, наведувајќи дека во близина на Косово се стационирани вкупно 42.

Тој подвлече дека Косово мора да биде многу внимателно бидејќи Србија „може да ја игра улогата на застапник на Руската Федерација на Западен Балкан“.

„Руското Министерство за одбрана има посебна канцеларија во рамките на Министерството за одбрана на Србија. Сега кога рускиот „блицкриг“ во Украина пропаѓа, ние сме загрижени дека тие може да се обидат да го прошират конфликтот и дека Западен Балкан би можел да биде ново руско бојно поле преку нивните посредници – Србија или Република Српска“ – рече Курти.

Курти рече дека Приштина не се плаши и оти Косово го зголемило буџетот за одбрана за 52 отсто. Тој изјави и дека т.н. хибридна војна и повтори дека Рускиот хуманитарен центар, кој е доста блиску до Приштина, е стациониран во Ниш.

„Хибридната војна не е замена за војната, туку само нејзина подготвителна фаза“ – додаде косовскиот премиер, повторно наведувајќи дека Приштина е загрижена и претпазлива, но не и исплашена, а и затоа што партнери на Косово се САД, Велика Британија, Франција и Германија.

Курти рече дека е свесен дека НАТО значи безбедност за сите членки на алијансата.

„Косово сè уште не е во НАТО, но НАТО е во Косово“ – рече тој.

Тој изјави дека Русија извршила воени злосторства во Украина и дека на рускиот претседател Владимир Путин порано или подоцна треба да му се суди пред Меѓународниот суд на правдата.

Курти го искористи и интервјуто за Си-ен-ен за да повтори дека српските сили – полиција, војска и паравоени формации „извршиле геноцид врз Албанците“ пред 23 години.

„Тогаш од Косово беа протерани 860.000 Албанци, повеќе од 80 отсто од населението беше протерано од своите домови, имаме 20.000 жени и девојки кои беа силувани, повеќе од 12.000 невооружени цивили беа убиени и 120.000 куќи беа уништени или запалени“ – тврди косовскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...

Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн

Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а...