Кузеска: Антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен

Илјадници граѓани масовно, гордо и достоинствено, во Крушево го чествуваа големиот национален празник 2 Август – Денот на Републиката. На достоен начин беше оддадена чест и признание на славните предци од Илинденското востание и од народно ослободителната борба. Но и оваа како и години претходно ВМРО-ДПМНЕ на најголемиот државен празник, продолжи со недостоинствено, неодговорно и антидржавно однесување, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Александар Николоски, свесно доцнеше на предвидената агенда, за потоа да ја напуштат манифестацијата пред интонирањето на државната химна. Тоа е нечесно, неодговорно и срамно однесување. ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели.

На тој начин ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава.

Исто постапуваше и Христијан Мицкоски кој наместо да се појави на некое од најважните локации, тој Илинден го чествуваше приватно, осамен и опкружен единствено со едвај стотина негови поддржувачи. Мицкоски му кажа НЕ и на Илинден и на таков свечен ден не пропушти прилика да сее омраза и поделби меѓу граѓаните. Само политички деструктивци, какви што се Мицкоски и Николоски, без основно чувство за државност вака се однесуваат на најголем национален и државен празник.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат ни малку државничко однесување, дека нивната единствена агенда се деструкциите, блокадите и дејствување на штета на државните и националните интереси“, рече Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...