Квалификации ЕП: У21 репрезентацијата денеска во Охрид против Србија

Македонската репрезентација до 21 година денеска (16.00 часот) на стадионот „Билјанини извори” во Охрид ќе го одигра натпреварот Србија во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија.

Селекторот на нашата млада селекцијата, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од стартниот меч во овој квалификациски циклус против Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман.

Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да одиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема.

Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност – рече селекторот Канатларовски.

Во нашата „Х“ група, покрај дуелот Македонија – Србија, играат уште и репрезентациите на Украина и Ерменија.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...