PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Квин“ објави заборавена песна со Фреди Меркјури

Oct 14, 2022

„Квин“ во четвртокот објави повторно откриена песна со Фреди Меркјури, прва нова песна на култниот рок-бенд со веднаш препознатливиот вокал на покојниот фронтмен, која излегува по повеќе од осум години.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор први им кажаа на фановите за постоењето на Face It Alone во текот на едно интервју летото.

Песната првично била снимена во доцните 80-ти на сесиите за хит-албумот The Miracle, но не била објавена.

Продукцискиот и архивскиот тим на „Квин“ ја нашла повторно кога почнале да работат на претстојното реиздание на албумот, планирано за ноември.

„Некако ја заборавивме на оваа песна“, рече Тејлор. „Но, тука беше, овој мал скапоцен камен. Прекрасно е, вистинско откритие. Ова е многу страсно парче“.

The Miracle, 13. студиски албум на култниот бенд, излезе две години пред Меркјури да почине од пневмонија предизвикана од сида во 1991 година.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ