Лајчак за состанокот Вучиќ-Курти во Охрид: Ако успееме да постигнеме договор, работата е завршена

Лајчак на онлајн форум организиран од Италијанскиот институт за меѓународни политички студии рече дека сега геополитичката ситуација е променета и дека улогата на ЕУ на Западен Балкан е повеќе стратешка и политичка.

„Многу е важно да ја пренесеме пораката дека ЕУ сега е поподготвена за Балканот, веројатно повеќе отколку што е Балканот подготвен за ЕУ, затоа е исклучително важно да се разбере дека вратата сега е повторно отворена“, рече Лајчак на онлајн конференцијата „Европа и Русија на балканскиот фронт“.

Кога станува збор за претстојната средба со лидерите на Србија и на Косово во Охрид, Лајчак оцени дека „прифаќањето на европскиот предлог би било позитивна порака“, посочувајќи дека сега е неопходно да се фокусираме на спроведувањето на анексот, кој ќе биде главна тема на разговор во сабота, 18 март.

„Откако беше прифатен договорот, фокусирани сме на имплементација на анексот, кој е клучен елемент. За да се имплементира договорот мора да се утврди редоследот на следните чекори, како и роковите и кој што треба да направи“, рече Лајчак.

Тој исто така рече дека целта на неговата последна посета на Приштина и Белград била да ги слушне мислењата на двете страни за анексот и дека врз основа на она што го слушнал, за состанокот на Вучиќ и Курти во Охрид, ќе биде подготвена „нова консолидирана верзија на анексот врз основа на оригиналниот текст“.

„Тоа треба да биде основата на нашите разговори во Охрид и ако успееме да постигнеме договор за овој анекс, тогаш работата е завршена“, рече Лајчак.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...