Лапорта пак ги обвини навивачите на Барса за фијаското со билетите за мечот со Ајнтрахт

Украинската фудбалска ѕвезда на Вест хем, Андриј Јармоленко, открива дека влегол во остар конфликт со својот поранешен херој и екскапитен на украинската репрезентација, Анатолиј Тимошчук, по неговиот молк за војната во Русија.

Украинската фудбалска федерација веќе поведе постапка за одземање на сите почести на поранешниот капитен, 43-годишниот Тимошчук, кој е рекордерот по бројот на настапи за репрезентацијата, откако тој остана да работи во рускиот Зенит Санкт Петербург.

Јармоленко во интервју со рускиот поранешен фудбалер, а сега блогер, Евгениј Савин, вели дека веднаш контактирал со својот поранешен идол.

„Да почнам, кога игравме заедно, Тоља беше пример за професионализам за мене. Секогаш ми беше идол. Но, кога видов кој зборуваше, а кој не кажа ништо, му пишав: ‘Како спиеш навечер?’. Тој ми одговори: ‘Исто како тебе, и јас не спијам’. Веќе не му пишував, но тој ми се јави. Го прашав: ‘Зошто молчиш? Ми беше пример, но сега не постоиш во мојот живот’. Ми кажа да одам да се е.ам и јас му вратив. Тука заврши разговорот. Што е со него? Најверојатно му е страв. Не знае што ќе случи ако каже нешто. Има жена, деца, тие се Руси. Го сфаќам тоа многу добро. Но, во исто време има пријатели во Украина, чии роднини умираат. Лесно можеш да го изнесеш семејството и да живееш каде било на светот. Направи доволно пари да си го дозволи тоа. Не сфаќам како може да продолжи да живее вака. Твоите родители се на другата страна, ти си на страната што пука“, вели 32-годишниот Јармоленко.

Украинците ја бришат сопствената фудбалска легенда Тимошчук

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...

Османи во Будва: Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),...