Лауреус наградите за Ферстапен и Томпсон-Хера


Актуелниот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен и јамајчанската спринтерска „кралица“, Илејн Томпсон-Хера се освојувачи на престижната Лауреус награда како најдобри спортисти минатата година.

24-годишниот возач на Ред бул рејсинг, имаше 10 пол-позиции, 10 победи и рекордни 18 подиуми за да ја освои првата светска титула по битката со седумкратниот шампион, Луис Хамилтон. Претходни Ф1 возачи кои ја освоиле оваа награда се Себастијан Фетел и Хамилтон.

„Јас сум првиот Холанѓанец со светска титула и реакцијата во татковината беше прекрасна. Многу ми значи што ја добивам оваа награда, една од најелитните во светот на спортот“, изјави Ферстапен.

29-годишната Томпсон-Хера стана првата жена со две двојни олимписки триумфи во спринтерските трки, откако ги одбрани титулите на 100 и 200 метри во Токио, а освои и трето злато како дел од 4х100 метри штафетата.

„Знам дека Јусеин Болт претходно ја освои оваа награда за Јамајка, така што сум горда што повторно ја враќам дома. Многу сум горда на успехот и мотивирана за повеќе работа во новата сезона“, изјави Томпсон-Хера.

Италијанската фудбалска репрезентација вторпат е добитник на наградата за најдобар тим по триумфот на Европското првенство во 2020, откако и во 2007 ја добија наградата по триумфот на СП во 2006.

Британската тинејџерка, Ема Радукану доби награда за „пробив“ на годината, откако тенисерката триумфираше на САД опен минатата есен како квалификантка.

НФЛ великанот Том Брејди беше почестен со наградата за животно остварување по рекордниот седми триумф во Суперболот, додека полскиот голгетер Роберт Левандовски е добитник на наградата за „исклучително остварување“, откако минатата сезона постигна 41 гола во Бундеслигата за да го сруши 49 години стариот рекорд на Герд Милер.

Валентино Роси, седумкратниот Мото ГП шампион, кој се пензионираше по повеќе од две децении во спортот, стигна до својата трета награда, овојпат како „Спортска икона“, откако во 2011 доби награда за камбек на годината, а во 2006 награда за спортски дух.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...