PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Лавров: Лагите за Буча служат за саботирање на преговорите

Apr 5, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Британскиот премиер Борис Џонсон преку видео им се обрати на граѓаните на Русија. Видеото е објавено на социјалните мрежи и има руски превод.

На почетокот на обраќањето Џонсон на руски рече: „Рускиот народ ја заслужува вистината, заслужува да ги знае фактите“.

Во видеопораката, која содржи снимки од убиени цивили во Украина, британскиот премиер опишува како масакрите извршени од руската армија за време на инвазијата на Украина го потресле светот.

„Цивили биле масакрирани, убивани, додека нивните раце биле врзани. Жените силувани пред очите на нивните мали деца“, рече Џонсон.

„Изгорени тела биле фрлани во масовни гробници или едноставно оставени да лежат на улица“, вели британскиот премиер во видеото.

Џонсон посочи дека злосторствата извршени од режимот на Кремљ ја изневериле довербата на секоја руска мајка што го испратила својот син во војска и дека се, како што рече, дамка на руската чест.

Во своето обраќање Џонсон ги повика Русите да се поврзат на интернет преку VPN-конекција за да може да пристапат до информации од целиот свет додавајќи: „Штом ќе ја пронајдете вистината, споделете ја“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ