PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Лавров во Турција го објави условот за средба меѓу Зеленски и Путин

Jun 8, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога рано утринава патнички воз делумно излета од шините во источен Иран, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем иако не се разјаснети сите околности за несреќата и не се знае точно колку патници имало во возот.

Четири од седумте вагони излетале од шините пред зори недалеку од пустинскиот град Табас, на околу 550 километри југоисточно од Техеран, објави иранската државна телевизија.

Спасувачките тимови и хеликоптери се на самото место во оддалечена област, каде што комуникацискиот систем е лош. Најмалку 16 луѓе претрпеле сериозни повреди опасни за животот, а некои се префрлени во локалните болници, според АП.

Излетувањето од шините се случило на 50-ина километри надвор од Табас, на пругата кон градот Јазд.

Според првите информации, патничкиот воз се судрил со багер во близина на пругата иако не е јасно зошто багерот во тој момент бил блиску до пругата.

Иран има речиси 14.000 километри железнички линии во целата земја, што е околу два и пол пати поголема од Тексас.

Речиси 17.000 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи во Иран, што е еден од најлошите рекорди за безбедност во сообраќајот во светот. Главните причини се широкораспространето непочитување на сообраќајните прописи, неодржувани возила и несоодветни служби за итни случаи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ