Лејди Гага ја поддржа Украина при доделување на наградите САГ

На синоќешното доделување на SAG Awards (Actors’ Awards), холивудските ѕвезди ја искористија можноста јавно да ја поддржат Украина.

„Чест ми е што сум овде. Ова е прекрасна вечер и сите ја славиме оваа уметност и едни со други додека толку многу се случува во светот. Моето срце е со Украина. Мислам дека вечерва сите треба да бидат благодарни“, рече Лејди Гага, која со својот потег воодушеви многумина фанови. На социјалните мрежи набрзо се прошири видеото на пејачката од доделувањето на наградите.

Пејачката и актерката подоцна се огласи на Инстаграм.

“Има многу причини зошто светот не ни дозволува да се смееме. Се молам за Украина и испраќам насмевки. Се надевам дека вашите срца наскоро повторно ќе бидат цели”, рекла Лејди Гага.

Поддршка на Украина синоќа испрати и Мајкл Даглас, кој носеше ткаено марамче во боите на Украина. Фран Дрешер се осврна и на ситуацијата во Украина.

Актерот Лесли Одом Џуниор додаде дека „Украина има посебно место во нивните срца“, а Брајан Кокс истакна дека целата ситуација ги погодила и уметниците во Русија.

„Она што навистина ме вознемирува е она што им се случува во Русија на моите колеги актери и актерки, изведувачи и критичари. Под закана за велепредавство, им беше кажано да не кажуваат ниту збор за Украина и мислам дека тоа е прилично страшно“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...