Лех Валенса: ЕУ да се распушти и да создаде нова унија без Полска и Унгарија


Фото: Принтскрин/Јутјуб

Добитникот на Нобелова награда за мир и поранешен претседател на Полска, Лех Валенса во интервју за порталот „Интериа“ изјави дека Европска Унија мора да се распушти и да се создаде нова унија, чија основа ќе бидат Франција и Германија, но без Полска и Унгарија.

– Наместо компромиси со Полска, ЕУ мора да се распадне и за неколку минути да создаде нова заедница базирана на Германија и Франција, но без Полска и Унгарија – истакна Валенса.

Тој изрази жалење оти не биле земени предвид неговите ставови за ова прашање.

– И ова е едноставна идеја: ако сакаме да влеземе во нов синдикат, тогаш на влезот, покрај правата, ќе треба да прифатиме и обврски. И ставете ги така да не се повторат триковите што се случуваат денес – наведе Валенса.

Според него, одобрувањето од Европската комисија на националниот план за обнова на Полска би било грешка.

– На крај, овие пари ќе бидат залудно потрошени и украдени. Без владеење на правото, нема смисла да се донираат милијарди евра за ништо – посочи Валенса.

ЕУ обезбеди средства за земјите-членки за обнова по пандемијата со Ковид-19. Планот за Полска беше блокиран поради судските реформи, со кои Владата имаше намера да се меша во работата на судството со формирање на дисциплински совет на Врховниот суд и мешање во изборот на судии. Во октомври 2021 година, судот на ЕУ ја казни Варшава со еден милион евра дневно додека не ја укина комората и не се откаже од реформите во судството.

Полска се согласи да ја укине Дисциплинската комора, а на 1 јуни Европската комисија одобри план од 35,4 милијарди евра за економско закрепнување на Полска по пандемијата. Распределбата на парите се очекува да започне за еден месец.

Полската опозиција оценува дека актуелните власти во Полска продолжуваат да го кршат владеењето на правото и не треба да добиваат европски пари.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...