Гаѓаните вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог. Тие од пред Владата се префрлија пред Собранието на Република Македонија.
Тие најпрво со предмети маваа кон Собранието, а потоа и ја пробија заштитната ограда.
Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.
Меѓу присутните се лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и пратеникот Борис Крмов