PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Литванскиот министер Ландсбергис во Скопје, на средби со Пендаровски, Џафери, Маричиќ и Османи

May 3, 2022

Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Ландсбергис ќе оствaри средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи на која, како што соопшти МНР, ќе стане збор за македонскиот евроинтегративен процес и конкретната литванска поддршка на тој план, за регионалната соработка, безбедносните прашања во светло на руската агресија врз Украина, како и за подготовките за НАТО Самитот во Мадрид.

Покрај средбата со Османи, предвидено е литванскиот министер да оствари средби и со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ