Лиз Трас: Ја обучуваме армијата на БиХ да се одбрани од руското влијание


Фото: принтскрин

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас изјави дека нејзината земја и дава поддршка на Босна и Херцеговина во форма на обука на вооружените сили со цел да се одбрани од руското влијание и за сопствена безбедност. Шефицата на британската дипломатија во видео-обраќање преку Твитер изјави дека искрената и сигурна инвестиција во БиХ „ќе обезбеди силна алтернатива“.

– Ние им помагаме да ги обучиме нивните вооружени сили да ја заштитат нивната безбедност“, рече Трас. Таа истакна дека не смее да се дозволи Западен Балкан да се врати во минатото.

За време на нејзината посета на Чешка, додаде таа, беше договорено земјата да ја засили испораката на оружје и санкциите за да и помогне на Украина.

-Историјата не учи дека попуштањето не е решение за агресијата. Мораме да и се спротивставиме на агресијата со акција и сила, и затоа работиме со нашите сојузници за да ја поддржиме Украина и да обезбедиме рускиот претседател Владимир Путин таму да биде поразен – додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...