PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ЛШ: Динамо немаше сили за нова сензација, Милан без проблеми до победа, реми на Селтик и Шахтјор

Sep 14, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Милан во второто коло од Лигата на шампионите на свој терен го совлада Динамо Загреб со резултат 3:1.

Загребскиот клуб влезе многу храбро во овој натпревар. Ристовски, Адеми и друштвото беа понесени од победата против Челзи во првото коло, но против Милан сили за сензација немаа.

До водство Милан стигна преку Оливие Жиру во 45. минута од пенал кој го изнуди Леао. Само што почна второто полувреме „росонерите“ зголемија на 2:0. Не се предаваше Динамо и преку Оршиќ во 56. минута стигнаа до 2.1.

Сепак, хрватскиот шампион не можеше повеќе. Сите дилеми околу победникот беа решени во 77. минута кога Побега ги постави конечните 3:1.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Селтик и Шахтјор ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1.

Коментари

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ