Лукашенко: Белорусија многу научи од русата специјална операција во Украина


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека руската специјална операција во Украина многу ја подучила Белорусија.

За време на средбата на тема државната одбранбена наредба, тој истакна дека белоруските власти претходно „на поинаков начин ја гледале својата армија, а пред се вооружувањето на армијата“.

„ И повторно, сосема искрено, воената операција на Руската Федерација во Украина нè научи многу“, рече Лукашенко.

Тој исто така, рече дека му наложил на шефот на белоруското Министерство за одбрана, Виктор Хрењин, да извлече лекции за опремата и понатамошниот развој на војниците.

„ Постојано го прашував: Погледнете околу себе, набљудувајте, извлечете заклучоци. Лекции, лекции и повеќе лекции“, рече Лукашенко.

Претходно белорускиот претседател го обвини Западот дека го поттикнува руско-украинскиот конфликт.

Лукашенко предупреди и дека не треба да се дозволи конфликтот во Украина да се издигне на повисоко ниво. Според него, „неопходно е да се запре и да се постигне договор“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...