„Мајкрософт“ најави можности за игри на „Тимс“


„Мајкрософт“ работи на тоа да ги направи и видеоигрите достапни преку својата услуга „Мајкрософт тимс“. Според извори блиски до компанијата, таму почнале со тестирање игри како „Солитер“, „Конеклт 4“ и „Вордамент“ во рамките на платформата за интернет-комуникација.

Јасно е дека игрите како „Хало“ и „Форца“ нема да може да се играат преку „Тимс“ засега, но потегот на „Мајкрософт“ јасно покажува дека се обидуваат да го подобрат користењето на оваа програма. Покрај деловната комуникација, целта е да се понуди и забава, односно да се урамнотежат потребите од далечинско работење.

Засега се тестираат само едноставни „кажуал гејмс“ игри, па и не е сигурно дека ќе им биде понудена интеграција на корисниците. Засега нема официјален коментар од компанијата.

Дополнително, „Мајкрософт“ размислува за виртуелен простор во „Тимс“ како дел од евентуален метаверзум, а претходно беа објавени и новитети за 3-Д аватари и неколку други нови искуства. Компанијата континуирано додава новитети во далечинското работење.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...