Генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје во Украина, кој беше приведен од руските сили, е ослободен, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која има свои експерти во централата.
„Го поздравувам ослободувањето на Игор Мурашов”, напиша шефот на МААЕ Рафаел Гроси на својот Твитер профил и додаде дека добил потврда дека генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје се вратил дома „жив и здрав”.
Директорот на централата во петокот бил „приведен” од руска патрола додека патувал од централата до градот Ерногодар, под руска контрола, соопшти претходно украинскиот оператор Енергоатом. Возилото во кое бил директорот на штабот било запрено и тој бил извлечен од него, а потоа со врзани очи пренесен во непознат правец, пренесе украинската агенција.
Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, е под контрола на руски војници од почетокот на март, но се наоѓа недалеку од демаркационата линија меѓу териториите контролирани од Киев и регионите окупирани од Москва.