PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

МАГДА со првата онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP

May 18, 2022

[ad_1]


PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, се одржува првата онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP.  Конференцијата е дел од проектот Creative Producers in the Western Balkans 2021 – 2022 на British Council. Наменета е за сите кои професионално работат на развивање на дигитални игри, но и за тие кои би сакале да ја насочат својата кариера во овој правец.

Конференцијата започна на 5. мај  и ќе се одвива вкупно месец и половина. Предавањата се одржуваат неделно, секоја среда, со почеток во 18 часот. Водени се од професионалци во гејм индустријата кои од прва рака ќе ги пренесат нивните искуства. Опфатени се повеќе аспекти на развивање на дигитални игри вклучувајќи Level Design, Game Design, Character Art, Sound Design, Game Production, Game Programming, Monetization и AI in Games.

Наредни предавања кои ќе може се проследат се:

  • мај
    • “Developing Hyper-casual Games” со Иво Нешковиќ, ко-основач на Furious Avocado
    • “Креирање на последователни дијалози во игри и нивно разгранување” со Мартин Петковски, мултидисциплинарен програмер во KAMAi MEDIA

 

  • мај
    • “Making a Tasty VR Game” со Doug North Cook, Head of VR Fund во Robot Teddy
    • “AI Doesn’t Want to Kill You” со Петар Котевски, основач на KAMAi MEDIA

 

  • јуни
    • “Monetization and Economy in F2P Games”, со Небојша Митриќески, Senior Game Economy Designer во Kabam
    • “Music for Video Games 101” со Нино Васков, Game Composer во Half Past Yellow

 

Следењето на предавањата е бесплатно.
Сите предавања се со симултан превод на знаковен јазик!

Регистрацијата и следењето на предавањата се прави на нашата веб страница www.magda.org.mk

На крајот на конференцијата, викендот 18. и 19. јуни во Скопје ќе се одржи дводневен game jam настан со физичко присуство, кој ќе има натпреварувачки карактер. Учесниците ќе имаат можност да осмислат идеја и да креираат прототип на дигитална игра. Поканети се да учествувааат сите кои ги следеа предавањата, како и секој кој би сакал да се обиде да развие игра. Пред почетокот на настанот ќе може да се проследи предавањето на Наум Михајловски, ко-основач и раководител на Furious Avocado, на тема “Како да дизајнирате Хајпер-кежуал хит игра“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ