Мали: Договорено е Србија да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија


Фото: Твитер/ГТСОУ

Министерот за финансии Синиша Мали изјави во Будимпешта, по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијартo, дека е договорено Србија во текот на претстојната зима да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија, јавува МИА.

Договорот беше прецизиран откако српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Нови Сад на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем се договорија Србија да складира меѓу 300 и 500 милиони кубни метри гас во Унгарија.

По средбата, Мали за новинарите изјави дека врз основа на денешниот договор Србија ќе може да повлече три милиони кубни метри дневно од унгарските складишта во октомври, шест милиони кубни метри дневно во ноември, декември и јануари и три милиони во март.

Министерот Сијарто рече дека денешните договори се доказ за стратешкото пријателство меѓу двете земји.

-Гасот за нашиот сосед ќе го складираме за следната зима, бидејќи имаме повеќе од шест милијарди кубни метри складишен капацитет. Нема да го поддржиме предлогот на Европската унија за нафтено ембарго кон Русија додека не се најде решение кое ќе ја гарантира енергетската безбедност на Унгарија-изјави Сијарто.

Министерот Мали изјави дека е договорена заедничка инвестиција во изградба на интерконектори за пренос на електрична енергија меѓу двете земји, за да може вишокот по потреба да се пренесе во Србија и Унгарија и дека е договорено поврзување на електроенергетските мрежи на двете земји, што ќе трае во наредните шест до осум години, за да може да се разменува струјата.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...