Мандатите експресно вратени, Грција оди на втори избори на 25 јуни

Веќе е повеќе од јасно дека Грција ќе оди на втори избори откако процесот на доделување на мандатите за формирање влада заврши во експресно краток рок од само два дена, кога претставниците на политичките партии Нова демократија, СИРИЗА и ПАСОК експресно го вратија доверениот мандат.
Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу на одделни средби ги прими лидерите на трите партии што освоија најголем број гласови на изборите во неделата и им ги додели мандатите за формирање влада, но ниту еден од нив го нема потребното мнозинство од 151 пратеник.
Прв мандатот во понеделникот го доби лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, откако партијата победи на изборите со освоени 40,79 отсто од гласовите и 146 пратеници, но за еднопартиска влада му недостигаат уште пет пратенички места, па така, актуелниот премиер, само неколку часа откако го прими мандатот ѝ го врати на Сакеларопулу.
Во текот на завчерашниот ден, Претседателската палата на одвоени средби ја посетија лидерите на СИРИЗА, Алексис Ципрас, и на ПАСОК – Движење на промена, Никос Андрулакис, кои воопшто не го ни примија мандатот велејќи дека немаат никаква можност да формираат влада.
Со доделувањето и на третиот мандат се затвори циклусот на мандати за првите три партии.
Во рамките на вчерашниот ден, грчката претседателка свика лидерска средба, што е во согласност со одредбите предвидени со грчкиот устав и е уште еден последен обид за формирање влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај беше чиста формалност само колку да се испочитуваат процедурите.
Она што понатаму ја очекува Грција во следниот период е формирање техничка влада, која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на изборите што ќе се одржат на 25 јуни.
Според грчките медиуми, на позицијата технички премиер ќе дојде еден од претседателите на трите врховни судови во земјата, а голема веројатност е тоа да биде претседателот на Ревизорскиот суд, Јоанис Салмас.
Паралелно, новиот парламентарен состав што произлезе од неодамнешните избори, в недела на 28 мај, наместо на 1 јуни ќе одржи седница, ќе положи свечена заклетва, а ден подоцна да се распушти во пресрет на новиот изборен процес.
Претседателскиот декрет од 22 април за распуштање на парламентот предвидуваше пратениците да ја одржат првата седница на 1 јуни, меѓутоа, како што пишуваат медиумите во Грција, со оглед на тоа што формалните процедури се одвиваат со забрзан ритам, издаден е нов за првата седница да се свика четири дена порано.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...