Марјана Станојковска издоминира на Охридски трубадури 2021-ва – пееше со Владо Калембер, елегантни модни изданија

„Голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест – Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме неговиот познат хит од 1984 „Ciao Amore“, напиша Марјана на својот Инстаграм профил и објави видео од изведбата.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-01.jpg

Марјана Станојковска и оваа година се појави како домаќин на годинешниот фестивал Охрид Фест-Охридски Трубадури.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-02.jpg

Како и секогаш, таа покажа дека е вистинскиот избор за улогата, па од изглед – до изненадување со талентот за пеење, во голема мера беше заслужна за одличната атмосфера на фестивалот.

На својот Инстаграм профил таа напиша:

„Благодарност до организаторите за укажаната доверба да и оваа година бидам ваш домаќин на Охрид Фест-Охридски Трубадури 2021-ва. Низ ноти испишавме уште една фестивалска вечер за паметење!

Охрид Фест има огромно значење за нас, бидејќи е единствениот фестивал кој се уште гради регионални мостови на музиката. Како што кажа и уметничкиот директор на интернацоналната вечер Горан Шарац „Охрид Фест, тоа е како Евровизија на Балканот“.

Затоа треба да го цениме и негуваме и да му ја дадеме сета наша поддршка, бидејќи музиката е таа што ги спојува луѓето и без неа животот би бил пуст и бесмислен.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-03.jpg

Благодарност до сите изведувачи кои ни приредија вистинско музичко уживање, како и до екипата на МРТВ  која неуморно работеше на реализацијата на фестивалот.

На 28-тото издание на фестивалот „Охрид Фест- Охридски трубадури“ низ ноти испративме поздрави со најубави желби за добро здравје, љубов, мир и благосостојба меѓу народите. Ја славевме музиката и љубовта како нејзина главна и непресушна инспирација.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-04.jpg

Исто така, голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест – Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме неговиот познат хит од 1984 „Ciao Amore”, инаку дует со Изолда Баруџија кој премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка нумера за таа година подоцна и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург.“

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...