Марија Захарова: Западот гледа дамка во туѓото око, а не гледа трупец во своето

Британскиот премиер Борис Џонсон одржа прес-конференција по денешниот самит на НАТО и состанокот на Г7. Тој рече дека Обединетото Кралство ќе работи со истомисленици за зајакнување на смртоносната помош за Украина и вети дополнителни 6.000 проектили.

„Мора да поддржиме слободна и демократска Украина на долг рок. Ова е само почеток“, рече Џонсон и посочи дека Велика Британија досега санкционирала повеќе од 1.000 руски физички лица и субјекти.

„Пораката дека Путин може да ја преземе е: Украина не е сама. Стоиме покрај граѓаните на Киев, Мариупол, Лавов и Донецк. Како што рече и самиот претседател Зеленски, народот на Украина мора да победи, а Путин мора да пропадне – и тој ќе пропадне“, рече Џонсон.

Британскиот премиер ја отфрли можноста за воведување зона на забранети летови над Украина.

„Воведувањето зона на забранети летови над Украина би значело дека нашите авиони може да соборуваат руски авиони. Ниту една земја од НАТО не сака да го направи тоа. Треба да ни биде јасно за тоа. Тоа не е нешто за што размислуваме. Она што го правиме е помагање на Украина во испораката на одбранбено оружје“, истакна Џонсон.

Коментирајќи ги тврдењата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дека е антируски настроен, Џонсон рече дека тоа не е точно и дека сочувствува со рускиот народ, но не и со нивниот лидер Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...