Маричиќ: Денес ги почнуваме официјално преговорите, сите лаги на опозицијата и на останатите паѓаат во вода

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во изјавата за „Канал 5“, дадена веднаш по завршувањето на состанокот за отпочнување на скрининг процесот во Брисел изјави дека денес ги почнуваме официјално преговорите и дека сите лаги на опозицијата и на останатите паѓаат во вода, бидејќи и дека преводот се одвивал на македонски јазик.

На прашањето дали е можна промена на Уставот и обезбедување на двотретинско мнозинство во услови кога опозицијата се изјавува дека нема да даде поддршка, вицепремиерот рече дека периодот на скринингот од 14 до 16 месеци дава доволно простор за отвoрање еден процес на дијалог во Собранието и дефинирање на улогата на Собранието во преговорите.

Мислам дека во процесот на скрининг ќе можат да се вклучат сите, да видат како тече. Ќе ги извадиме оние клучни документи, патокази за владеење на право, за реформи во јавната администрација, за демократски институции, акцискиот план за малцинства за да се увери јавноста и пратениците дека таму нема ништо спорно ниту ќе има нешто страшно. И на тој начин во еден дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство за промена на Уставот, истакна Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ јасно е дека доколку тоа не го направиме нема да можеме да одиме во следната фаза, бидејќи сега по отворањето на преговорите веќе е прашањето кој е за, а кој е  против ЕУ, односно кој е за продолжување, а кој е за нивно запирање.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...