Маричиќ – Лудва: За чешкото претседателство остануваат приоритет нашите европски амбиции

Приоритетите на претстојното шестмесечно чешко претседавање со Советот на ЕУ, во контекст на процесот на проширувањето на Унија, почетокот на нашите долгоочекувани пристапни преговори, како и актуелните геостратешки околности кои влијаат на мирот и безбедноста во Европа, беа тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва.

Маричиќ на средбата, како што информираат од неговиот Кабинет, посочи дека за нас е особено важно што имаме партнер во Чешка на нашиот евроинтегративен пат.

– За нас е особено важно што имаме партнер во нашата евроинтеграција, која имаме одлична можност да ја започнеме, со прифаќање на францускиот предлог, како Македонци кои говорат македонски јазик, рече Маричиќ.

Амбасадорот Лудва, се вели во соопштението, истакна дека Чешка, и за време на своето претседавањето останува посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан и на реализација на нашите европски амбиции, како билатерално, така и преку мултилатерални канали, вклучувајќи ја и Вишеградската група (В4).

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, потенцира дека остануваме стратешки партнер на ЕУ, со која имаме заеднички цели и интереси за зајакнување на мирот, демократијата и интеграцијата во Европа, а одлуката којашто заеднички ќе ја донесеме за иднината на земјата, според него, ќе направи промена која несомнено ќе се почувствува и во регионот.

– Остануваме доследни на нашите национални интереси, затоа следниот чекор треба да биде валоризација на се она што досега како држава сме го вложиле. Да ја искористиме мудро и рационално оваа шанса и да дадеме шанса на младите идните генерации да уживаат во придобивките од европеизацијата на државата, додаде Маричиќ./

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...