PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Маричиќ: Македонците и Албанците одлучија да го водат регионот напред

Mar 17, 2022

Македонците и Албанците одлучија да го водат регионот напред, пишува на социјалните мрежи министерот за правда Бојан Маричиќ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Со Erion Veliaj се знаеме и соработуваме уште од 2001 година, кога во сѐ уште неизвесните околности на Западен Балкан, во граѓанскиот сектор развивавме младински програми за критичко мислење, за дебата и за меѓусебно разбирање преку дискусија, а не преку насилство.

Вечерва тој во улога на градоначалник на Тирана ми беше домаќин на работна вечера во рамки на иницијативата “Дијалози за Балканот” на која се потсетивме на нашите ангажмани како граѓански активисти. Денес, од временска дистанца од 20 години од тогаш, заеднички потврдуваме дека во нашиот регион надвладеаа мирот и стабилноста, толеранцијата и разбирањето.

Северна Македонија и Албанија имаат повеќе заеднички приказни, една од нив е заедничкиот стремеж за членство во Европската Унија, а друга е соработката во иницијативата Отворен Балкан, заедно со Србија“, стои во постот на министерот Маричиќ кој го објави доцна вечерва на социјалната мрежа Фејсбук.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ