PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Маричиќ: Препораките на историската комисија ќе се имплементираат за две години

Aug 17, 2022

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ како одговор на новинарско прашање денеска рече дека на државните инстуции во Макеоднија и Бугарија ќе им треба две години координација за да ги имплементираат препораките на бугарско-македонскиот историски мешовит комитет.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Заедничката историска комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните ликови Цар Самуил, свети Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум, како и корекции од средновековниот период во бугарските македонските учебници од основно училиште.

„Има многу процедури кои што ќе треба да се направат, но нас ни е важно резултатите да се преточат во општеството без да се загуби нашиот интерес“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека очекува и Софија да го имплементира договореното во наредниот период.

„Вредно е ако седум врвни историчари кои сме ги поставиле, се согласиле со тој текст, така што ако тоа отвори задничко видување, тоа треба да се цени и да се почитува. Им веруваме на луѓето кои работат таму. Се што ќе направиме ние, очекуваме тоа да го направи и Софија“, искоментира Маричиќ.

Тој дополни дека членовите на комисијата за одредени специфични периоди може да побараат консултации и со други надворешни стручњаци кои не членуваат во комитетот.

„Станува збор за реномирани стручњаци кои работат и во странски универзитети и на кои никој досега не им ја оспорил стручноста. Работат и во Институтиот за национална историја и со години работат во други образовни институции. Секако дека може да дадат покани за експертиза и до други стручњаци“, изјави вицепремиерот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ