Маричиќ: Реформите во судството не се само на хартија, туку функционираат и во пракса

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се обрати на дијалогот за јавни политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година со Акциски план – до каде сме и што понатаму“, во организација на Институтот за европска политика, каде кажа дека е задоволен од резултатите и темпото на спроведување на реформите во правосудството. Дополнително, најави нови мерки со цел зацврстување на правната држава.

„Практиките во судството се менуваат благодарение на чекорите кои ги преземаме. Граѓаните веќе ја забележуваат проактивната улога на Судскиот совет. До денес имаме 16 разрешени судии, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Ова е факт кој говори дека законските измени за реформирање на правосудството и враќањето на довербата на граѓаните во судството, не се само на хартија, туку се функционални и истите се применливи во пракса“, потенцираше Маричиќ

Тој додаде дека направена е промена, но и дека има уште многу да се работи.

Потврди дека реформата останува високо на агендата на Владата и смета дека земјата е на вистинскиот пат кон исполнување на целта за независен, професионален, транспарентен и ефикасен правен систем.

ТОП ВЕСТИ

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...

Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн

Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а...