Мариупол и хуманитарните коридори најголеми бојни полиња во Украина

Пристанишниот град Мариупол во јужна Украина е клучна точка на непријателство од избувнувањето на војната меѓу Русија и Украина на 24 февруари, при што руските сили влегоа во центарот на 24 март, што претставува голема победа за Москва, иако се очекуваше многу порано.

На 28 март руската копнена противвоздушна одбрана наводно соборила украински хеликоптер Ми-8 на пат кон градот, каде што продолжуваат да дејствуваат мал број единици на милицијата на баталјонот Азов.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерот „се движел кон Мариупол поради итна евакуација на водачите на баталјонот Азов“, додавајќи дека тој ден биле соборени два украински борбени авиони Су-24 и еден јуришен авион Су-25.

Според портпаролот на Министерството за одбрана, генерал Игор Конашенков, еден од хеликоптерите МИ-8 бил соборен со противвоздушна ракета „Стингер“, која претходно ги зазела силите од Доњецк.

Уште еден Ми-8 е оштетен и паднал во морето, на дваесетина километри од брегот, изјави рускиот генерал.

Двајца припадници на единицата „Азов“ ја преживеале хеликоптерската несреќа, додека вкупниот број на загинати не е познат. Украинските власти не го коментираа инцидентот.

Руските сили постепено го заземаат Мариупол, а руската страна тврди дека го контролира речиси целиот град.

Русија во средата објави прекин на огнот во опколениот Мариупол, за да им овозможи на цивилите да го напуштат пристанишниот град во југоисточниот дел на земјата.

Досега руските сили не дозволуваа автобуси да влезат во градот, а евакуацијата беше можна само со приватни возила.

Локалните власти, како и Обединетите нации, постојано предупредуваат на тешката хуманитарна ситуација во градот, чии жители веќе пет недели се отсечени од остатокот од земјата – без струја, вода и храна.

Со зборовите дека животот во Мариупол стана невозможен, градоначалникот Вадим Бојченко повика на целосна евакуација на цивилите.

Пред руската инвазија имало 400.000 жители, а се проценува дека сега има приближно 160.000.

ТОП ВЕСТИ

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...