Во општина Будва е потврдено дека има труење со храна и дека гостите од ресторан се пријавиле во медицински установи поради стомачни проблеми.
Порталот „Дан“ засега официјална потврда добил само од Општата болница во Котор каде синоќа биле примени голем број туристи со стомачни тегоби.
„Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15-16 години. Донесени се со акутен синдром – повраќање. Сите беа брзо згрижени, а утрово повторно беа направени лабораториските испитувања. После тоа, околу 11 часот утринава се пуштени на домашно лекување“, изјавил за порталот „Дан“, директорот на болницата во Котор, д-р Давор Кумбуровиќ.
Во Здравствениот дом во Будва соопштија дека не знаат за што се работи, додека во државните институции никој не сака да зборува за тоа, бидејќи е неработен ден, пренесува црногорскиот медиум.
Претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ изјави дека општинската администрација им стојат на располагање на туристите кои имале здравствени проблеми и доколку има потреба ќе им обезбедат сместување, превоз и се останато.