[ad_1]
Во изминатиот преоден рок Немања Матиќ стави крај на својата епизода во Премиер лигата откако го напушти Манчестер Јунајтед и премина кај неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, во Рома.
Долги години Матиќ играше во Премиер лигата и добро знае каков е притисокот на Островот, па сега застана во одбрана на Хари Мегваер.
„Тоа што луѓето му го прават на Мегваер е навистина кастастрофа. Се треба да има граница, ова е навистина премногу. Мегваер не заслужува таков третман“, изјави Матиќ.
Исто така Матиќ одговори и на критиката од Рој Кин кој во април му забележа на тоа што изјави дека во неговото срце остануваат и Челзи и Манчестер Јунајтед. Тоа е став зад кој стои Матиќ и сега.
„Имам респект кон се што направил Кин во кариерата, но мора да сфати дека фудбалот е променет. Јас играв за Челзи и не можам да кажам дека го мразам тој клуб. Начинот на кој тој играше фудбал, денес во 70% од случаите ќе биде црвен картон.
Не ме интересира премногу тоа што зборува во јавноста, знам што сум направил во кариерата и среќен сум за се што сум кажал“, изјави Матиќ.