Матичните лекари утре штрајкуваат, нема да издаваат упати и рецепти

Матичните лекари утре ќе протестираат, најавувајќи дека утре не планираат да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој Термин“, а ќе примаат само итни случаи.

Велат дека итно бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во пандемија.

Матичните бараат и воведување на минимална партиципација. Тие предлагаат да се плаќа 50 денари за прв влез во месецот, а останатите прегледи да не ги плаќа пациентот.

– Мора да се определи што му следува на пациентот за капитацијата што ја добиваме секој месец. Лекарите не може да издржат финансиски. Сега добиваат и огромни сметни за струја, а капитацијата не е зголемена од 2018 година и изнесува 63 денари за пациент. За две децении капитацијата е зголемена за 40 проценти, а за споредба, цената на горивото е зголемена за 160 проценти, а на храната за 135 проценти – истакна д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари, под чија капа се голем број од матичните доктори.

За утре матичните лекари имаат закажано средба со заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, а очекуваат да ги повикаат на средба во Фондот за здравствено осигурување.

– Има многу региони во кои нема матични лекари и ако продолжи ваквата политика на Фондот кон проблемите на примарното здравство ќе се затворат уште повеќе амбуланти што не е во прилог на нашиот народ и неговото здравје – вели Чолакова-Дервишова.

ТОП ВЕСТИ

Чоколадно смути со овошје

Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао –...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...