Доколку буџетското барање биде одобрено, трошоците за одбрана на земјата ќе се зголемат за повеќе од четири отсто во споредба со тековната година. Во изминатите неколку години, Јапонија ги зголеми трошоците за одбрана, предизвикувајќи критики од соседните земји. Во оваа фискална година (почнувајќи од април 2022 година), средствата наменети за овие цели се зголемија на 5,37 трилиони јени (39,1 милијарди долари), што е рекордно високо ниво.
Јапонските власти постојано најавуваа планови за драматично зголемување на трошоците за одбрана во следните пет години, но конкретни бројки не се официјално објавени. Владејачката Либерално-демократска партија предложи зголемување на буџетот на два отсто од БДП, слично како земјите-членки на НАТО.
Јапонија, која во согласност со нејзиниот повоен устав не смее да војува и својата војска може да ја користи само за самоодбрана, ги зголеми воените трошоци во последниве години и зазеде порешителна стратегија.