Медведев: Мора да се преговара за да се избегне војна

Процесот на преговори за безбедносните гаранции е единствениот начин за решавање на актуелната ситуација, а за да се избегне војна мора да преговарате, изјави денеска потпретседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

– Не смее да има војна на кој било начин, никој не бара да започне војна и мора да се направи се за да се избегне каква било војна, истакна Медведев за руските медиуми.

Во таа смисла, тој нагласи дека најважна и „единствена опција е да се преговара за безбедносните гаранции, вклучително и политички и дипломатски средства“, како и користење на принципот на неделивост на безбедноста во меѓусебните односи, кој е вклучен во сите европски и меѓународни фундаментални документи.

Медведев, сепак, посочи дека има луѓе кои заработуваат на тензии и приказни за воено сценарио.

Зборувајќи за документите за безбедносните гаранции што Москва ги побара од САД и НАТО, Медведев истакна дека тие документи се многу конкретни и ја одразуваат загриженоста на официјална Москва.

ТОП ВЕСТИ

Нов метод за снимање на системот за варење со далечинско управување > Опсервер

Минијатурната капсула „Навикам“ („NaviCam“) може да направи револуција во дијагнозата на проблеми со дигестивниот тракт. <!-- N_Inpost 300x250_2 Ендоскопите со капсули...

Чоколадно смути со овошје

Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао –...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...