Медведев: Русија би употребила нуклеарно оружје во четири ситуации


Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека Москва би можела да употреби нуклеарно оружје и против земја која користи само конвенционално оружје.

Русија има околу 6.000 нуклеарни боеви глави – најголемите залихи на нуклеарно оружје во светот. Медведев денеска изјави дека има четири случаи во кои Русија би можела да употреби нуклеарно оружје – пишува Гардијан.

Во денешното интервју, Медведев рече дека руската нуклеарна доктрина не бара од непријателската држава прва да користи такво оружје.

– Имаме посебен документ за нуклеарно одвраќање. Овој документ јасно укажува на основата на која Руската Федерација има право да користи нуклеарно оружје. Има неколку од нив, да ве потсетам: број еден е ситуацијата кога Русија е погодена од нуклеарна ракета. Вториот случај е каква било употреба на друго нуклеарно оружје против Русија или нејзините сојузници. Третиот е напад на критична инфраструктура што ќе ги парализира нашите нуклеарни сили за одвраќање. И четвртиот случај е кога е извршен акт на агресија против Русија и нејзините сојузници, што го загрозува постоењето на самата земја, дури и без употреба на нуклеарно оружје, односно со употреба на конвенционално оружје – изјави Медведев

Медведев додаде дека постои „решителност да се брани независноста, суверенитетот на нашата земја, да не се даде никому причина да се сомнева ни најмалку дека сме подготвени да дадеме достоен одговор на секое нарушување на нашата земја, на нејзината независност“

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...