Русија, која негира дека планира напад врз Украина, сè уште јавно не ја коментира содржината на писмените одговори на САД.
„Очигледно, најважниот и единствениот начин да се постигне договор за безбедносните гаранции е преку политички и дипломатски средства, преговори, користење на принципот на неделивост на безбедноста…“, рече Медведев, пренесува РИА.
Тој додаде дека потенцијалниот конфликт меѓу Русија и Вашингтон за Украина ќе биде „катастрофално сценарио“ и изразил стравување дека „жешките глави“ во САД и НАТО воопшто замислуваат такво сценарио. „Сметам дека тоа никогаш нема да се случи“, рече тој.
Неговите коментари одговараат на моделот на помека, поодбранбена реторика од Москва по неколку недели поагресивни забелешки од високи функционери.
„Другата работа е што има многу луѓе кои заработуваат на тоа, шпекулираат со тоа. Некои го прават тоа од незнаење, други затоа што водат одредена политичка агенда“, рече тој.
Медведев, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и претседател од 2008 до 2012 година, посочи на висок американски сенатор за кого рече дека јавно ја разгледал можноста за ограничен руско-американски нуклеарен конфликт. Но тој не го назначил кој е тој сенатор.
Медвед сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.