Русија протера 15 холандски дипломати и неодреден број белгиски дипломати и ги прогласи за персона нон грата, јавува Анадолија.
Министерството за надворешни работи соопшти дека 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во холандскиот конзулат во Св. Петербург мора да ја напушти Русија во рок од два дена.
– Овој чекор се презема како одговор на протерувањето на 29 март на 18 вработени во руската амбасада во Хаг, руската трговска мисија во Амстердам и руската мисија во Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Во соопштението се додава дека Холандија не може да ги злоупотребува своите права и привилегии како земја домаќин на OPCW и дека Хаг мора строго да се придржува до Договорот за седиштето на OPCW од 1997 година.
Во посебно соопштение, Министерството соопшти дека го повикале белгискиот амбасадор Марк Микиелсен и го информирале за протерувањето на белгиските дипломати од Москва, кои мора да заминат до крајот на 3 мај.
Холандија и Белгија протераа руски дипломати поради наводна шпионажа, откако односите меѓу Русија и Европската унија дополнително се влошија поради руската војна против Украина, која започна на 24 февруари.