Меган Маркл се појави со часовникот на Дијана на својата рака/ФОТО


Меган Маркл на Јутјуб-каналот „Brightly Storytime“ читаше приказна за деца, под наслов „Клупа“, што самата таа ја напишала. Сепак, најмногу внимание привлече еден дел од накитот што таа го имаше…

Меган беше облечена лежерно – со сина кошула и фармерки, и со косата во опавче. Но, на левата рака носи часовник „Картие“ кој некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дијана, а неговата цена е 23.000 долари (речиси 20.000 евра, или над 1,2 милиони македонски денари).

Тој часовник ѝ го подарил принцот Хари, наводно, на почетокот на нивната врска. Меѓу накитот таа носеше и нараквица Картие од 7.000 долари и тениска нараквица „Џенифер Мајер“ од 3.000 долари. Прстенот од дизајнерката Лорејн Шварц кој чини околу 62.000 долари покрај вереничкиот прстен.

Меган, инаку, учествуваше во иницијатива со цел да им се помогне на родителите да ја разбудат кај децата љубовта кон читањето книги.

– Се надевам дека ви се допадна „Клупа“ (The Bench). Мило ми е што успеав да го споделам со вас и се надевам дека ќе успеете да најдете своја посебна клупа или столче, или мала тивка лулашка – место кое многу ќе ви значи и што ќе го споделите со некого што го сакате, рече таа на крајот. 

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...