[ad_1]
Би бил најсреќен доколку утре не го прифатиме францускиот предлог. Кои интереси се заштитени со францускиот предлог? Што е заштитено?, праша вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Од Софија велат дека не се задоволни со еднострани изјави, туку они сакаат тоа да влезе во заклучоците на Европскиот совет. Јас се слушнав вчера со Пендаровски, изгледа има намера и тој како Ковачевски да се пофали. Суштината беше да видиме што тој прави во оваа ситуација. Од тоа што Пендаровски го кажа е дека од Софија бараат при промената на македонскиот Устав, Бугарите да влезат во нормативниот дел од Уставот. Со тоа не прави нас македонски Бугари, рече Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.
-Овој предлог не можел да дојде до овде без пред тоа за него да се преговара. Тука е направена грешката. Сега наеднаш го гледаме на маса, а тој што се согласил вели дека не го видел. Утре е сериозен историски самит на ЕУ, не е било каков. Таму кандидатски статус треба да добијат Украина и Молдавија. И на нив во ЕУ им е потребен и чекор на Балканот, да почнат преговори со Македонија и Албанија, додаде Мицкоски.
[ad_2]
Source link