PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Мицотакис на 16 мај во посета на Белата куќа

Apr 22, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

По покана од претседателот на САД Џо Бајден, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на 16 мај ќе ја посети Белата куќа, соопштија од кабинетот грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека посетата на Мицотакис дава можност да се потврди „силно билатерално партнерство и да ја прославиме 201 година од грчката независност“.

-Лидерите ќе разговараат за тековните напори со сојузниците и партнерите за поддршка на народот на Украина и наметнување економски трошоци за Русија за нејзината неиспровоцирана агресија. Ќе разговараат за нашата блиска соработка за глобалните предизвици, вклучувајќи ги климатските промени и енергетската безбедност – рече Псаки.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ