Мицотакис: Не ни е потребен друг извор на нестабилност во НАТО, се надминаа опортунистичките и утилитарните однесувања

На крајот преовлада здравиот разум и доброто на Алијансата и се надминаа сите опортунистички и утилитарни однесувања, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на НАТО Самитот во Мадрид изразувајќи задоволство што Шведска и Финска ќе станат членки на Алијансата и порача дека потребна е посветеност на војната во Украина и не е потребен нов извот на нестабилност, јави дописничката на МИА од Атина.
-Сакам да го изразам моето задоволство за фактот што денеска Алијансата ќе им упати покани на Финска и Шведска да станат 31 и 32 членки на Алијансата. На крајот преовлада здравиот разум и доброто на Алијансата и се надминаа сите опортунистички и утилитарни однесувања, рече Мицотакис. Истакна дека руската инвазија во Украина, дава ново значење на евроатланстската Алијанса и „нè обврзува да се движиме побрзо за да ги зајакнеме структурите на НАТО“ и потсети дека Грција е членка од 1952 година и е „важен столб на стабилноста во Југоисточниот Медитеран“, но и земја која систематски инвестира повеќе од 2 отсто од својот БДП во трошоците за одбраната. -Како столб на стабилноста во Југоисточното крило на НАТО ги имаме сите причини да веруваме дека во овој момент посветеноста на Алијансата треба да биде на предизвикот со кој се соочува на фронтот во Украина. Не ни треба друг извор на нестабилност во Алијансата и верувам дека тоа е нешто што го разбираат сите наши партнери, рече Мицотакис.

ТОП ВЕСТИ

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...