PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Милан го „блиндира“ Калулу со нов договор

Nov 9, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Младиот дефанзивен на Милан, Пјер Калулу е блиску до потпишување на нов договор со „росонерите“, пренесуваат италијанските медиуми.

21-годишниот Французин минатата година се етаблираше во првиот тим, а и оваа сезона игра одлично.

Милан сака да го награди за добрите партии, но и да го „блиндира“ за во иднина, па веќе започнал преговори за продолжување на договорот.

Преговорите се во завршна фаза и медиумите откриваат дека Калулу наскоро ќе потпише нов договор до 2027 година со годишна плата од 2 милиони евра по сезона.

Инаку Калулу беше еден од најмалку платените играчи во тимот, а интерес за него покажа Пари Сент Жермен.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ