[ad_1]
Интер победи на гостувањето кај Специја со 3:1 за трета победа во низа, со која (барем до вечерва) се врати на првото место во Серија А.
Марцело Брозовиќ во 31. минута го скрши отпорот на домаќините, пред Лаутаро Мартинез во 73. минута, откако го замени Един Џеко во составот, да зголеми на 0:2 за тимот на Симоне Инзаги. Специја не беше слаб противник, што го покажа Џулијо Маџоре во 88. минута со прекрасен гол, за интересен финиш на мечот, но Алексис Санчез во 93. минута од мечот стави точка на сите надежи на Специја за камбек.
Актуелниот шампион сега, по 32 одиграни натпревари има 69 поени на врвот на табелата во Италија, еден поен пред Милан, кои вечерва ги пречекуваат Џенова, и три пред Наполи на третото место. Дури и „росонерите“ да се вратат на првото место вечерва, Интер има еден заостанат натпревар, презакажаниот меч со Болоња.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));