Милановиќ: ЕУ да ги почне преговорите со Скопје и Тирана кои со години ги малтретира

Во ред е да се бара членство на Украина во ЕУ, но мора да се донесе и одлука за отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, а Босна и Херцеговина и Косово да добијат кандидатски статус, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

– Бев повикан да потпишам заедничка изјава со претседателите од Источна Европа, на Украина итно да и се даде статус кандидат за членство во ЕУ. Во ред, состојбата е вонредна и бев подготвен да потпишам, но под услов таков статус да им се даде и на БиХ и на Косово, кое некои членки се уште го немаат признаено. Барав исто така да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија кои Брисел ги малтретира со години. Тоа за нас е еднакво важно како и Украина, изјави Милановиќ.

Во врска со Србија и БиХ, хрватскиот претседател смета дека нивното место е на Запад, и затоа нивните власти мора да решат дали ќе припаѓаат во ЕУ или Русија. Заканите за можна безбедносна дестабилизација на регионот, според него, не се добри и во моментов не се реални.

– Белград треба да реши каде припаѓа, дали во ЕУ или со Русија од сентиментални причини кои можам да ги разберам, но тоа не е практично. Не е време да се изживуваме врз Србија, туку да им кажеме дека сега е време да се одлучат, сега гори. Не мора да ги осудувате Русите. Тешко е, но разбирам. Ајде да видиме дали припаѓате на Запад или на Исток, сега е време за некои далекусежни пораки. Во овој момент не е продуктивно да се плашат луѓето сo накакви нови судири на Косово и во БиХ. Република Српска не може да се извлече од БиХ, тоа е невозможно, нивното место е на Запад, местото на српскиот народ е на Запад, а не во Русија, вели Милановиќ.

За БиХ оцени дека „Западот со години ја малтретира, земјата стои, не и се помага туку постојано и се одмага со неорганизирана и килава европска бирократија, со европски дипломати надвор од регионот кои не разбираат што се случува таму“.

– БиХ мора да добие статус на кандидат за ЕУ. Тоа е надеж, како дрво преку река по кое можеш да ползиш без да паднеш. Тоа и треба на БиХ која ја влечат за нос веќе 20 години, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Според хрватскиот претседател, војната во Украина би можела да се избегне ако Европа имала посилна улога и поактивна улога.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...