Милановиќ: Во БиХ нема да дојде до ескалација што би се претворила во вооружен конфликт

На зголеменото присуство на ЕУФОР во Босна и Херцеговина не треба да му се придава посебно значење и не може да дојде до ескалација што би се претворила во вооружен конфликт, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, додавајќи дека изјавите на Милорад Додик за отцепување се „политичка реторика”.

Европската унија минатата недела одлучи да ги зголеми силите на ЕУФОР од 600 на 1.100 војници со испраќање од Австрија, Бугарија, Романија и Словачка за да се спречи потенцијална нестабилност по руската инвазија на Украина.

Франција во саботата објави дека ќе спроведе летови за обука над БиХ поради влошената меѓународна безбедносна ситуација.

„Тоа е зголемено присуство поради тензиите и ужасите од војната, но на тоа не му придавам посебно значење. Верувам дека нема начин да ескалира во вооружен конфликт”, рече Милановиќ.

Тој нагласи дека ситуацијата во соседната земја не може да се спореди со онаа во Украина, бидејќи „нема војници, нема тенкови” во БиХ.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...