PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Милевски го нарече „штетник и срам за Црквата“ владиката Агатангел

Feb 14, 2022

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска, на манифестацијата во градот Кавадарци по повод одбележување на големиот христијански празник Св.Трифун, го нарече вулгарен настапот на владиката Агатангел.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Да беше свесен што зборува, немаше да го каже тоа. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата и од МПЦ треба да размислат кого испраќаат на вакви настани, рече Милевски од плоштадот во Кавадарци.

Според него, како што „црвите и мувите се штетни за лозарите, така и Агатангел наштетува“.

-Го величеше лидерот на опозицијата Мицкоски. Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се гордее со неговата поддршка, тогаш нека му е на чест, рече Милевски за контроверзниот говор на владиката.

Изјавата, на која реагираа и новинарите во Кавадарци засега не е достапна, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не ја сметаше за потпалувачка, туку напротив за обединувачка иако застанал целосно на страната на неговата партија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ