Милевски прогнозира: Ако имаме предвремени избори и да победи ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде со еден пратеник разлика

Доколку има вонредни избори тие нема да ја променат политичката слика што ја имаме. И да победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе победи со еден пратеник разлика и повторно ќе имаме нефункционален Парламент кој тешко ќе обезбедува кворум за работа, порача вечерва министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски.

Нагласи дека сите партии се залагаат за промена на изборниот модел.

-Факт е дека сите политички партии зборуваат за друг модел, а никој не рекол дека е добар овој изборен модел со шест изборни единици. Сите бараат некоја промена која ќе значи подобра застапеност на граѓаните во Парламентот, рече Милевски во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

Според него, ако има една изборна единица без цензус и помалите политички партии, особено со етнички предзнак, би се осмелиле да одат сами на избори, а не во коалиции со поголемите политички партии.

Прашан за причината зошто ЛДП одбила да се сретне со ВМРО-ДПМНЕ, за која е прифатлив изборен модел со една изборна единица, рече дека смета оти е бесцелно да дебатираат со нив ако постојано условуваат и немаат константен став.

-Ако има волја од сите за промена на изборниот модел тоа треба да се стави на дневен ред на собраниска седница, потенцира Милевски.

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...