Првата средба како Министер без ресор – задолжен за Дијаспора ја имав токму со поранешниот министер за дијаспора, сегашен Советник на Премиерот за Надворешни Работи, г. Едмонд Адеми.
Средбата беше од големо значење бидејќи г. Адеми е познат како прв Министер – одговорен за дијаспората во Република Северна Македонија, но и иницијатор за изработка на Националната стратегија за дијаспората. Во разговорот истакнав дека како Министер ќе направам се што е можно во спроведувањето на акционите планови од стратегијата, од кои голем дел не се реализираа поради пандемијата што го зафати светот.
Дијаспората има клучна улога за Република Северна Македонија од повеќе аспекти, така што мојата хоризонтална позиција како Mинистер без ресор, каде ќе имам соработка со сите релевантни ресори и институции, ќе овозможи да се зајакне врската со дијаспората во повеќе области: во промоција на нашата култура и идентитет во странство; во воспоставувањето и одржувањето блиски врски на дијаспората со матичната земја; финансиска помош од нашата држава за активностите на организациите кои работат во дијаспората и многу други активности.
Со овие службени должности, но и со многу други проекти кои ќе ги откријам во наредните денови, имам за цел да го зајакнам лобито на нашата дијаспора но и да ја промовирам Државата со цел да се иницира меѓудржавни соработки.