Министерот Нуредини: Имаме амбициозни национални цели за намалување на влијанието на климатските промени

Со воведно обраќање во кое ја акцентирав поврзаноста на животната средина, отпорноста кон климатските промени и исполнувањето на цел 7 од целите за одржлив развој на ОН, го отворив вториот ден од „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина”(МЕФ), насочен кон енергетската иднина на регионот и мапирање енергетската иднина на земјите од Западен Балкан.
Неодамнешните природни непогоди предизвикани од климатските екстреми, како што беа поплавите во Њујорк, пожарите што ги зафатија нашите шуми и слично, јасно го покажуваат лицето на климатските промени и на потребата од концетрирање на ублажување на овие настани и градење на инфраструктура отпорна на последиците од климатските промени.
Инвестирањето во ублажување и отпорност денес е всушност инвестиција што ќе има долгорочно враќање за подобро да не подготви за овие настани во иднина. Анализите покажуваат дека трошоците за ублажување на поплавите, финансиски се многу поголеми од трошоците за штетата што може да ја предизвикаат или за потенцијална загуба на животи.
Укажа и на мошне амбициозниот Национален придонес кон договорот од Париз, со кој како држава поставивме цел до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 52%, и нагласив дека во правец на постигнување на овие амбиции неодамна е усвоена Долгорочна стратегија за климатска акција и се очекува до крајот на годината да биде донесен Законот за климатска акција.
Зголемување на удел на обновлива енергија, инвестирање во соларна енергија, енегија од ветер, изградба на голема ХЕ Чебрен која треба да обезбедува повеќе од 300 мегавати електрична енергија се приоритетни активности во енергетската транзиција, а инвестирањето во гасоводите и инфраструктурата за дистрибуција на гас ќе помогне во транзицијата од погонски горива на РЕК Осломеј и особено од РЕК Битола, со тенденција РЕК Битола нда биде исклучен најдоцна до 2030 година. Од друга страна потенцирав дека напуштањето на јагленот како гориво и инвестирањето во обновлива енергија има силно влијание и врз решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот.
На крај ја истакнав потребата од поддршка од страна на развиените држави во процесот на енергетската транзиција, потенцирајќи дека климатските промени се глобално, а не локално прашање.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...